Mnogu od nas , koi ziveat vo nasata prekrasna zemja Makedonija , se nadevam ,nй od toa sto ne posakuvaat da ja zapoznaat harizmaticnosta na ovoj Raj daden od Boga, no nekogas prestavuva problem ( za nekoi ),-materijalniot nedostatok ili obvrskite kon rabotata i familijata.
Se nadevam deka tuka ke ja zaziveeme i razbudime zelbata za poseta na ovie mesta,vsusnost seto sto go poseduva nasata Ubavica Makedonija.
PS:Se nadevam deka ke prokomentirame za sekoja slika , kade toa se naoga i dali voopsto nekoj ovie mesta gi posetil , Odnapred Vi Blagodaram !
Западниот, поголемиот дел (27,3 км2) n припаѓа на Република
Македонија а источниот, помалиот (15,8 км2) на Грција. Нивото на
езерото е на надморска висина од 148 метри. Тоа е плитко езеро, со
најголема длабочина од 10 метри. Дојранското Езеро е создадено во
неогено-квартерниот период и има тектонско-вулканско потекло. Всушност,
тоа е реликтен остаток од некогашното плеистоценско Пеонско Езеро,
коешто зафаќало површина од околу 127 км2. Дојранското Езеро е еутрофно
езеро, заради големата продукција на органска материја. Животинскиот
свет е претставен од без'рбетници (праживотни-едноклеточни животни,
сунгери, црви, мекотели, членконоги, инсекти и др), како и претставници
од 'рбетниците (риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи). Во
Дојранското Езеро регистрирани се 12 фаунистички ендемити. Од 15 видови
риби, 1 вид претставува локален ендемит. Некои без'рбетници (посебно
вилинските коњчиња) и неколку видови птици, се наоѓаат на листата на
CORINE. Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење
риби со помош на птици во огради од трска, т.н. мандри.