Првата црква во Европа е во Македонија
Од Библијата се осознава дека првата Христијанска општина и првата црква во Европа, се подигнати во Македонија, во градот Филипи (крстен така по Филип II Македонски).
Тука е и првата покрстена во Европа, “Лидија Македонката”, како и стои во Библијата.
Тоа е извршено од Апостол Павле по доаѓањето во Македонија, откога Светиот дух трипати го одвраќа од Азија каде првично мислел да го шири Христијанството.Познато е неговото видение од Македонец, кој го моли да прејде во Македонија и да помогне.