HRISTIJANSTVOTO VO SRBIJA E REZULTAT i PLOD NA MAKEDONCITE
Ne samo Hristijanstvoto , tuku pismoto i jazikot koj deneska se narekuva SLOVENSKI ili SLAVJANSKI se plod na MAKEDONCITE.Jasno e deka preku crkvata se prosiruval jazikot i Hristijansvoto a normalno i pismoto so toa sto deneska jasno i logicno e koga se govori za MAkedonskata KIRILICA (nekogasnata GLAGOLICA) .
Zemjite koi ja koristat den deneska KIRILICATA blagodarenie na MAKEDONCITE, prestavuva TEMEL na CIVILIZACIJA.
Кирилица е азбука што се користи за пишување кај шест природни словенски јазици: (белоруски, бугарски, македонски, руски, српски и украински) како и многу други јазици од поранешниот Советски Сојуз, којшто се наоѓаат во Азија и Источна Европа. Секој од овие јазици има своја посебна верзија на азбуката, односно има разлики во азбуката кај секој од овие јазици.
Историја на словенската писменост
Почетоците за Словените да имаат своја азбука биле од причината словените да можат да имаат богослужба на својот словенски јазик. Пред создавањето на кирилицата, богослужбата се вршела на туѓи, неразбирливи јазици како грчкиот или латинскиот. Составувачи на првата словенска азбука - Глаголица се Кирил и Методиј, кои имале и мисионерско - просветителска дејност во повеќе словенски земји. На наше, македонско тло била создадена кирилицата. Впрочем модерната кирилица е составена од нивните ученици Свети Климент Охридски и Свети Наум Охридски, од Охрид, кои ја модифицирале и поедноставиле тогашната глаголица и новата видоизменета азбука во чест на Свети Кирил го добила името кирилица.
Глаголското писмо или глаголица (ранохристијанска азбука) е најстарата позната словенска азбука. Била создадена од Св. Кирил (827-869) и Св. Методиј (826-885) во 855 или околу 862–863 за преведување на Библијата и други книги на словенските јазици.
Името доаѓа од старословенскиот збор глаголъ, што значи збор (исто така и потекло на буквата „Г“).
Глаголицата има 41 буква, но нивниот број малку варира во подоцнежните верзии. Дваесет и четири од тие 41 букви водат потекло од графеми во средновековното курзивно грчко писмо (мали букви), но во глаголицата тие имаат орнаментален изглед. Се претпоставува дека буквите ша, шта и ци доаѓаат од хебрејското писмо (буквите шин и цади) — фонемите кои овие букви ги означуваат не постоеле во грчкиот, но постојат во хебрејскиот и се чести во сите словенски јазици. Другите букви се со непознато потелко. За некои од нив се претпоставува дека се засноваат на хебрејски и самаритските писма, кои Кирил ги научил за време на неговата посета на Хазари во Херсон.