КОЛЕЖОТ ВО ЗАГОРИЧАНИ ИТАЛЈАНЦИТЕ НЕ ГО ВИДЕЛЕ НИТУ МЕЃУ ДИВИТЕ АФРИКАНСКИ ПЛЕМИЊА
`Конзулите слегоа од коњите и тргнаа пеш.Пред очите им се појавија првите жртви: кметот на Загоричани и неговата ќерка. И на двајцата телата им беа изобличени.Понатаму лежеа другите убиени,до вечерта двајцата конзули со придружницита ги обиколија сите 62 убиени и 6-те ранети.Меѓу убиените беше и мојот стар татко,поради што конзулите ми искажаа длабоко сочувство. Најпотресителна беше глетката на 17-те убиени изложени во црковниот двор. Тука можеа да се видат трупови на кои очите им беа избодени,градите распорени,рацете и нозете исечени,мозоците напрнати`.
Ова сведоштво е запишано од непосреден сведок на масакрот во селото Загоричани во 1905 година,извршен од страна на грците.Тоа е еден од почетоците на етничкото чистење во јужниот дел на македонија,која денес и припаѓа на Грција.Две години пред тоа,при задушувањето на Илинденското востание,османлиската војска која имала нардба да го запали Загоричани, со сета своја суровост убила три пати помалку селани од грчките банди.