MACEDONIA FORUM - MAFF
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

MACEDONIA FORUM - MAFF

MAKEDONSKI FORUM -MAFF, Ako ste osetlivi na psovki, gadosti,omalovazuvanja i slicno , Ve zamoluvame ne vleguvajte na Forumot!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Наместо да бара прием во ОН под името МАКЕДОНИЈА,Глигоров ја спасуваше Југославија

Go down 
АвторПорака
PERDIKA_III
Newbie
Newbie
PERDIKA_III


Број на мислења : 14
Registration date : 2008-05-04

Наместо да бара прием во ОН под името МАКЕДОНИЈА,Глигоров ја спасуваше Југославија Empty
ПишувањеПредмет: Наместо да бара прием во ОН под името МАКЕДОНИЈА,Глигоров ја спасуваше Југославија   Наместо да бара прием во ОН под името МАКЕДОНИЈА,Глигоров ја спасуваше Југославија Icon_minitime8th Мај 2008, 00:03

-Фактите неумоливо говорат дека нашите државотворци уште од самот почеток на повеќепартискиот плурализам не само што не сакаа самостојнос и субереност на Македонија,туку свесно,до последниот момент,додека гореше огнот на војната во екс Југославија - Хрватска,калкулираа со својата југословенска определба.
-Што правеше македонското државно раководство,од референдумот,септември 1991,па се до 27 јуни 1992 г. кога беше донесена Лисабонската декларација за забрана на името Македонија..Зошто во тој период од неколку месеци,додека Грција се`уште немаше обезбедено солидарна и единствена политика со земјите членки на ЕУ,македонското политичко раководство не поднесе апликација за членство на државата во организацијата на ОН?
_______________________________________________________________

Како што наближува трескавичната завршница за нашето име со Грција,станува се` поочигледно дека Владата на Никола Груевски сосема без потреба си го нагрбачи целиот товар за етаблирањето на државата во меѓународната заедница под нашето историско име и национален идентитет врз своите кревки политички плеќи.Малкумина владини гласноговорници и партиски челници на ВМРО-ДПМНЕ јавноста ја потсетуваат на познатите историски околности за тоа кој и како ја доведе Македонија до ова дереџе.Груевски дури не сака ниту отворено да зборува дека името БЈРМ(ФИРОМ),грдо какво што е,е резултат на една политика,а не се ни обидува да поентира оти една друга,таканаречена државотворна елита,толку ја закашка работата на почетокот,шшто неговата задача денес околу иметои околу нашите евроатлански ,е да спаси што може да се спаси.Но тој политички самоубиствено реши да ја брани честа на оние што немаа чест,и буквално ги амнестира од одговорност оние што реално го блокираа патот на Македонија во евроатланските интеграции.За нашето патешествие до птизнавањето и етаблирањето на државата во меѓународната заедница суштински е да се потсети како и зошто македонското државно раководство,пред се Киро Глигоров,кој како претседател и татко на нацијата до 1998 г.речиси ексклузивно ја водеше државната и надворешната политика и екс министерот за надворешни работи Денко Малески,ги утнаа возовите и зошто Македонија заврши така како што заврши во ОН со т.н. привремено име и јазол што сега ттреба Груевски да го пресече за да станеме членка на НАТО.Ако внимателно се разгледа хронологијата на нашето `државотворство`,ќе се констатира дека станува збор навистина за една тажна приказна за историското талкање на една политичка елита која со папочна врвца беше врзана за Белград,и во миговите на распаѓањето на Југославија немаше елементарна државотворна визија.Фактите неумоливо говорат дека нашите државотворци уште од самиот почеток на повеќепартискиот плурализам не само што не сакаа самостојнос и сувереност на Македонија(Денко Малески-`самостојна држава само преку мене мртов`),туку свесно,до поледниот возможен момент,додека гореше огнот на војната во екс Југославија-Хрватска,калкулираа со својата југословенска определба.
Да потсетиме дека само залагањето на ВМРО-ДПМНЕ во првиот повеќепартиски парламент за донесување декларација за самостојност и сувереност,по примерот на Словенија и Хрватска летото 1991 г. од СДСМ подоцна ќе биде оценето како колебање и историски страв на вмровците од референдум,односно божемно неверување во својот народ дека ќе се определи за независност.Но,фактите го говорат токму спротивното.Определбата за припадност на Македонија во скратена југословенска држава на Слободан Милошевиќ,во југословенска државна асоцијација на републики,постојано протежирање на поголемиот брати желбата да се биде под негово туторство,а можеби и стравот од прекинување на врските со Белград,го натера тогашното македонско државно раководство,пред се Глигоров,на референдум од 8-ми септември 1991-та на народот да му постави моронско прашање:`Дали сте за самостојна и суверена Македонија со право да стапи во сојуз на суверени држави на Југославија`.Таквиот идиотизам(право да стапува во сојуз со други држави го има секоја суверена држава без да се спомене) на Глигоров и на компанија очигледно им беше потребен не затоа што тие не веруваа во својот народ
дека во огромен број ќе се определи за независност и самостојност,туку затоа што тие лично не беа за целосна независност.

ПРОДОЛЖУВА
Вратете се на почетокот Go down
PERDIKA_III
Newbie
Newbie
PERDIKA_III


Број на мислења : 14
Registration date : 2008-05-04

Наместо да бара прием во ОН под името МАКЕДОНИЈА,Глигоров ја спасуваше Југославија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Наместо да бара прием во ОН под името МАКЕДОНИЈА,Глигоров ја спасуваше Југославија   Наместо да бара прием во ОН под името МАКЕДОНИЈА,Глигоров ја спасуваше Југославија Icon_minitime8th Мај 2008, 21:00

Од претходната страна

ВО СКУТОТ НА МИЛОШЕВИЌ

Односно,не сметаа дека е потребно, и покрај прогласувањето сувереност на Македонија(а македонија имаше државност и со АСНОМ во СФРЈ)да се откачат од Југославија,па бараа изим од народот за своите недугави и недржавотворни прадлози,од типот на т.н. Платформа Изетбеговиќ - Глигоров,за Југославија како асиметрична федерација составенапо формулата 4+2(Србија,Македонија,Црна гора и БиХ од една страна во цврста федерација,плус Хрватска и Словенија во некаков конфедерален сојуз).Загрижени за југославија,тие не сакаа да видат дека пред очи им минуваше композицијата на македонското меѓународно етаблирање.
А дека е тоа жива вистина,докажува хронологијата,оти еден ден пред референдумот за независност на Македонија од 8 септември 1991 г.,значи на 7 септември во Хаг,каде што се одржуваше мировната конференција за Југославија,на која присуствуваа сите претседатели од југословенските републики,под раководство на лордот Карингтон,претседателот Глигоров ќе доржи патетичен пројугословенски говор. Еден ден,значи,пред Македонија да гласа за својата сувереност и самостојност,залагјќи се мирно решение на југословенската криза,Киро Глигоров ќе настапи во стилот на референдумското прашање - `со право да стапи`,па дури и уште пожестоко.
`Македонија од почетокот се залагаше за демократски решенија за надминување на овие неповолни состојби и притоа инсистираше на изнаоќање на основа што би била прифатлива за сите.За тоа се залагаме и сега.Убедени сме дека и покрај сите тешкотии и проблемипредизвикани од војната,и не само од неа,постојат шанси да се најдат такви заеднички решенија.Патот за тоа,според,нас,е афирмирањето на сувереноста на републиките,но со истовремено утврдување и договарање на минимум заеднички функции на југословенската заедница,без оглед за каква форма на државно-правно уредување ќе стане збор во иднина...Слободен сум да обрнам внимание на нашите,веќе објавени ставови содржани во платформата за идното уредување на југославија,што ја предложивме заедно со г. Алија Изетбеговиќ,и во посебниот меморандум,со кој на 28 август о.г. ги запознавме земјите членки на Европската заедница и други земји`, че изјави меѓу другото екс претседателот.
Значи,Глигоров и покрај очигледниот крвав крај,се уште беше заинтересиран за опстанок на југословенската заедница,со Македонија во неа,иако Хрватска и Словенија веќе прогласија самостојност,а нивниот предлог за Југославија како заедница на суверени државибеше пртходно одбиен од Белград! Што друго,ако не врската со Југославија на Милошевиќ,беше пресудно за ваквиот однос на нашето раководство? Ако Изетбеговиќ и не можеше поинаку да се определи-знаеше дека БиХ може да ја зафати виорот на војната,а една третина од народот во Босна се Срби,тогаш Глигоров немаше никакви причини даја спасува Југославија на Милошевиќ.Државното раководство во тоа време дури одеше наспрото државните интереси на Македонија и на меѓуетнички план.реално,Албанците во Македонија ја наметнаа својата етно-политичка агенда,а таа не трпеше никакви врски со скратената Југославија на Милошевиќ.Но Глигоров и дружината попусто ги прозиваа Албанците зошто не гласале на референдумот - кој нормален албанец би дал одговор на прашањето за сојуз со Југославија на Милошевиќ - а подоцна,во февруари 1992 г. дури ќе ја соочат македонија и со референдум за Илирида.
Навистина,на 27 август 1991 г. Европската заедница ќе донесе декларација во која ќе ги спречи државите од Југославија самостојно да се отцепуваат,но Словенија во тоа време ќе биде признаена од неколку земји меѓу кои и од Хрватска и Литванија,а нашето државно раководство се уште си негуваше илузии за југословенската асоцијација.
Сепак,сето тоа е малку во споредба со она што потоа следуваше.На 20 ноември 1991 г. парламентот на република Македонија ќе го донесе и првиот Устав.При тоа Глигоров во Собранието ќе одржи државотворен говор,во кој повторно ќе го провлече своите пројугословенски ставови:
`Во југословенската криза ќе продолжиме не жалејќи напори и иницијативи да се бориме за мир,за излез од кризата,за успех на Хашките преговори,за асоцијација на југословенските држави... `,ќе рече Глигоров,покрај другото,во инаку за него доста огнениот промакедонски говор:
Иако,екс претседателот ќе се пповика на тоа дека `досегашните уверувања од низа држави и општо чувство дека македонија заслужува признавање,бидејќи покажува дека е одговорна и мирољубива држава,подготвена да ги почитува и применува сите обврски од меѓународното право и да стане членка на меѓународната заедница`,тој,во овој период,нема да направи речиси ништо ниту за меѓународното признавање,уште помалку за членството на Македонија во ОН.
Веќе на 15 јануари 1992 г. Арбитражната комисија на ЕЗ ќе донесе Извештај за тоа дали земјите од СФРЈ ги исполнуваат условите за да станат независни држави.Во извештајот, во делот за Македонија се констатира дека нашата држава `се откажа од било какво територијално барање и дека се воздржува од секаква акција на непријателска пропаганда на штета на друга држава`.Исто така,,таму се наведува,дека `употребата на името Македонија не содржи само по себе никакво територијално барање кон друга држава`,а `оваа Република од друга страна ги исполнува сите барани услови.
Станува збор за фамозната комисија на Французинот Робер Бадентар.Комисијата,како што е познато,се изјасни единствено дека Словенија и Мкаедонија ги исполнуваат условите.Земји членки на ЕУ,меѓу кои Германија,на 15 јануари веднаш ќе ја признаат Словенија,а во април истата година тоа ќе го направат и САД.Но таа борба претседателот Милан кучан ќе ја води грижливо,со тоа што уште на 3 октомври 1991 г. на средбата со францускиот претседател Франсоа Митеран ќе добие позитивен став за независноста на Словенија.


ЖЕЛЕВ ПОВЕЌЕ ЛОБИРАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ОТКОЛКУ ГЛИГОРОВ

Како и да е,и ппокрај поволниот ветар во гради,особено во контекс на употребата на името Македонија,раководството на нашата држава нема да направи ништо сериозно околу лобирањето кај големите сили во Европа и во светот за признавање на државата под уставното име.Многу повеќе работа за Македонија,како што ќе посведочи подоцна,е заврши бугарскиот претседател Жељѕ Желев,кој веднаш безусловно ќе ја признае македонија,а подоцна ќе лобира и кај други држави.
Бугарија веднаш донесе решение за признавање на Република македонија,бидејќи тоа решение беше најцелисходно во однос на барањата за признавање на републиките од југословенската федерација што се распадна.После тоа ја убедивме Турција.Јас лесно се договорив со премиерот Сулејман Демирел,тогаш се`уште не беше претседател,за време на економскиот форум во давос во 1992 година.Му ги изложив нашите аргументи,му реков дека е многу важно Турција да ја признае македонија,зашто тоа ќе придонесе за стабилност и зацврстување на Балканот.Ми беше јано дека државата која нема меѓународно признаванје,многу лесно може да стане жртава на внатрешна агресија,на внатрешни провокации и кавги,кои можат да доведат до граѓанска војана.Петнаесет дена по нас,Турција ја призна Република Македонија. По половина година,го убедивме и претседателот Елцин да ја признае Македонија од името на Руската Федерација.Бидејќи станува збор за претседателска држава,тој ја призна Македонија тука кај нас во Бугарија.Го беа заборавиле печатот во авионот,но пред да ттргне,тој им вети на новинарите дека 10 минути по полетувањето ќе го издаде указот за признавање на Македонија.Така и се случи.Агитиравме и кај првиот слободно избран претседател на Белорусија Шушкевиќ.Ј убедивме и Украина.Агитиравме и кај Американците.Тоа беше во време кога војната се разгоруваше.Тогашните нивни политичари и високи офицери доаќаа да видат што се случува на Балканот.Постојано не` фалеа дека Бугарија е остров на стабилност на Балканот,а ние ја користевме можноста и ги убедувавме да ја признаат Република Македонија.Ни одговараа:`Да ,тоа е интересно,ќе го разгледаме`.Но,од тоа ништо не излезе.Дури по 15 години,претседателот Буш ја призна Македонија со нејзиното уставно име`.Така пишува денес Желев,а со такво досие за лобирањето за Македонија неможе никако да се пофали ниту екс претседателот Глигоров.
Но,што е најважно,Македонија не презеде ништо за да аплицира во ОН за членство под уставно име.Главното објаснување на тогашното државно раководство подоцна беше дека во тие напори биле спречени поради грчкото противење за употреба на името Македонија кое кулминирало со Лисабонската декларација на 12-те земји членки на Европската заедница,со која тие се обврзаа да ја признаат државата,но под име кое нема да го содржи зборот Македонија,се разбира под притисок на Грција.Но во сите анализи што се прават во врска со нашата битка за името,како да се заборава дека конференцијата во Лисабон се одржа на 27 јуни 1992 г.Затоа е логично да се запрашаме што правеше македонското државно раководство,од референдумот,поточно од јануари 1992 г.,по добивањето на `хартијата на Бадентер`,за која Малески велеше дека вредела повече од сите други признавања,кои недостигаа во тоа време,па се до 27 јуни 1992 г. кога падна запраната од Лисабон.Зошто во тој период од пет месеци,додека Грција се`уште немаше обезбедено солидарна и единствена политика со земјите членки на ЕУ,македонското поитичко раководство не поднесе апликација за членство на државата во организацијата на ОН? Дотолку повеќе што на 22 мај 1992 г. Хрватска,Словенија и БиХ беа примени во како полноправни членки во ОН! А Глигоров во тоа време во Македонија преку фирмата Копехим во Париз на Борис Вукобрат,ќе организира конференција во Охрид,на која беше пратставена идејата за кантонално уредување на Југославија.Во фирмата како советник тогаш работаше и амбасадорот Срќан Керим.
Точно е дека уште на 7 април 1992 г. Советот на министрите за надворешни работи на ЕЕЗ во Луксембург донесе одлука да се признаат Словенија,Хрватска и БиХ. Но,исто така е факт дека се уште немаше дециде став кој ги обврзува Франција и Англија во Советот за безбедност да гласаат против Македонија доколку аплицира под уставното име.Македонија можеше да поднесе апликација и да го спречи `грчкото вето`но не го стори тоа.Својата апликација во светската организација Македонија ќе ја поднесе дури на 7 јануари 1993 г.,а за полноправна членка на ОН ќе биде примена на 8 април 1993 г.,под навредливото име ПЈРМ-ФИРОМ,божем референца за обраќање само во ОН,име за кое Глигоров вети дека ќе трае само 2 месеи!?Значи,прашањето е -која е вистинската причина што Глигоров и Малески ниту формално не побарале членство во ОН,кога тоа можело да се направи.Дотолку повеќе што Малески падна како резултат на Лисабонската декларација.Дали се уште имале илузии дека е можен сојуз на суверени држави на Југославија,па не ги искористија шансите да ја зацврстат државноста на Македонија на меѓународен план?Особено што тоа е периодот кога(февруари-март 1992),од Македонија и официјално и на мирен начин си замина ЈНА!Што го спречуваше македонското државно раководство да бара признавање и прием во ОН.

ГЛИГОРОВ ПОПУШТАЛ ЗА ИМЕТО

Но многу информации говорат дека Глигоров во тоа време сепак бил актер во дипломатската игра да се попушти во битката за името со Грција,а не да бара прием во ОН под уставното име.Ако се сеќавате, Васил Тупурковски беше тогаш испратен од страна на претседателот како негов специјален претставник во САД да работи на етаблирањето на Македонија.Но таму веднаш дојде до судир со лобито на Џон Битов.Во текстот на новинарот Дејвид Биндер,објавен на 4 јули 1992 г.во `Њујорк Тајмс`,напишан по повод Лисабонската декларација,по која Македонија ја изгуби битката за името,се разоткриваат причините за тоа.Новинарот пишува дека `се до неодамна,САД и најголемиот број на влади на Европската заедница ја прифатија Република Македонија не само како нова независна држава, туку исто така и со своето избрано име.Но она што се променило,според европските дипломати и официјалните лица на американската администрација,билаперцепцијата дека претседателот Глигоров бил спремен да направи некаков компромис по прашањето за името.Оваа перцепција била очигледно создадена од забелешките што пролетта истата година македонските лидери им ги кажале на европски официјални лица како и од страна на американски лобисти.имаше индикации дека ќе има флексибилност,рекол висок член на Стејт департментот.Идејата за флексибилноста на Скопје била раширена минатиот месец од страна на Роберт Мек Фарлеин,поранешен советник за национална безбедност на САД,кој бил ангажиран пред неколку месеци како лобист од страна на македонците.По посетата на Глигоров на Вашингтон во средината на мај,Мек Фарлејн рекол дека ќе има договор,односно Глигоров гледа потреба за таков дил. Мек Фарлејн бил платен за својата работа од Џон Битов...`По сите овие игри околу името, Глигоров се уплашил од реакциите во Скопје,па неговиот специјален пратеник во САД, Васил Тупурковски, тогаш разочаран од игрите околу името и случувањата со американско-македонско лоби,си поднесе оставка.Дипломатски односи во САД ќе воспоставиме дури во 1995 г.В меѓувреме името ПЈРМ,кое ќе го прифатиме со резолуцијата 817 на Советот за безбедност при нашето зачленување во ОН,ќе ни стане судбина.На 18 јуни 1993 г. ќе следува и нова резолуција во СБ,бр 845 со која исто така ќе се бара брзо наоѓање решение за разликата околу името.Таквите формулации ќе продолжат и во 1995 г. кога Македонија и Грција ќе ја склучат фамозната времена спогодба,именувајќи се како прва и втора страна.
Но,ништо подобро не е ни нашето досие за зачленување во другите сојузи како НАТО и ЕУ. Иако долгогодишната членка на Партнерството за мир,Македонија официјално барање за членство во НАТО ќе поднесе дури на 30 март 1999 г.Истиот месец во 1999 г. држжвата ќе поднесе и официјално барање за членство во ЕУ.Но неколку години подоцна,Владата на СДСМ ќе поднесе нова апликација по која ќе следува и поканата без датум за преговори.
Дали е потребно да истакнеме дека бившите социјастички земји,некои и поранешни републики од Советскиот Сојуз,своите баранја за членство во ЕУ ги поднесоа во 1992 - 1993 г. 6 - 7 години порано од Македонија.Јасно е кој и зошто во Македонија не си ја вршел работата кога станува збор за нашето државно етаблирање и евро-атлантски интеграции. 17 години нашите политички елити не манипулираат дека направиле се` за државноста во Македонија. Во овие драматични мигови,кога не знаеме што ќе се случи по прашањето за нашето НАТО интегрирање и ќе има ли договор со грците околу името,добро е да ја потсетиме јавноста дека сето ова што се случува денес не ни падна од небо.Што би рекол Б.Ц. требало некој да го сработи. Нема што,го сработил својски и државно. Проблемот е само во тоа што Груевски фати да ги вади тие жешки костени од огнот,толку трапаво,што веќе се изгоре.
Вратете се на почетокот Go down
 
Наместо да бара прием во ОН под името МАКЕДОНИЈА,Глигоров ја спасуваше Југославија
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
MACEDONIA FORUM - MAFF :: Politika-
Отиди до: