MACEDONIA FORUM - MAFF
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

MACEDONIA FORUM - MAFF

MAKEDONSKI FORUM -MAFF, Ako ste osetlivi na psovki, gadosti,omalovazuvanja i slicno , Ve zamoluvame ne vleguvajte na Forumot!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Makedonski pravoslaven Bozik - KOLEDE t.e. BADNIK

Go down 
АвторПорака
MAFF
Administrator
Administrator
MAFF


Број на мислења : 131
Registration date : 2008-05-03

Makedonski pravoslaven Bozik - KOLEDE t.e. BADNIK Empty
ПишувањеПредмет: Makedonski pravoslaven Bozik - KOLEDE t.e. BADNIK   Makedonski pravoslaven Bozik - KOLEDE t.e. BADNIK Icon_minitime7th Мај 2008, 20:27

Badnik - Kolede

ДОЈДЕ ХРИСТОС И ГО ОЗАРИ СВЕТОТ
СО СВЕТЛИНАТА НА РАЗУМОТ

"Христос се роди во тело. Синот Божји стана син човечки. Зошто? За да не направи и нас синови Божји. На земјата се роди Оној кој е извор на целокупниот живот, цел на тој живот. Пред 2003 години во Витлеем Јудејски, во пештера, се роди Спасителот на светот Господ Исус Христос".

Седми јануари, нулта година. Ноќ, помеѓу сабота и недела. Христос се раѓа! "Дева денес го раѓа оној што постоел отсекогаш и земјата на недостапниот пештера му принесува. Ангелите со пастирите го прославуваат, а мудреците со ѕвездата патуваат, зашто заради нас се роди дете младо, превечниот Бог". Започнува нова ера. Се извршува очекувањето на праведниците. Се остварува ветувањето на старозаветните пророци: "И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди син, и ќе го наречат Емануил што значи: Господ е со нас!".

Христос се роди во тело. Синот Божји стана син човечки. Зошто? За да не направи и нас синови Божји. На земјата се роди оној кој е извор на целокупниот живот, цел на тој живот. Пред 2003 години во Витлеем Јудејски, во пештера, се роди Спасителот на светот Господ Исус Христос. "Се овоплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек". Пресвета дева стана Божја мајка, Богородица. Го пови младенецот во ленени пелени, "Му се поклони како на Бог и Создател и го положи во јасли". И стариот праведен Јосиф "Му се поклони на Божествениот плод на девствената утроба".


Последната промена е направена од MAFF на 7th Мај 2008, 20:38. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
https://maff-mk.macedonianforum.net
MAFF
Administrator
Administrator
MAFF


Број на мислења : 131
Registration date : 2008-05-03

Makedonski pravoslaven Bozik - KOLEDE t.e. BADNIK Empty
ПишувањеПредмет: Re: Makedonski pravoslaven Bozik - KOLEDE t.e. BADNIK   Makedonski pravoslaven Bozik - KOLEDE t.e. BADNIK Icon_minitime7th Мај 2008, 20:27

СОНЦЕ НА ПРАВДАТА

Господ Христос дојде меѓу луѓето за да ги
спаси сите и да ги повика во небесниот свет. Слезе на земјата за да
може човекот да се искачи на небото. "Роден од вечноста од Отец, без
мајка, се роди во времето од мајка без татко". Небото и земјата се
здружија. На земјата дојде вистинската светлина на светот, а преку
Неговото доаѓање ни засветли светлината на Отецот. Дојде Христос и го
озари светот со светлината на разумот. "Раѓањето Твое, Христе Боже наш,
го озари светот со светлина на знаењето; во неа, пак, оние што им
служеа на ѕвездите од ѕвездата се учеа Тебе да ти се поклонуваат, Сонце
на правдата, и да те познаат Тебе, исток на висините, Господи, слава
ти".

Ангел Господов ги известил на пастирите: "...денеска ви се
роди во градот Давидов Спасител, кој е Христос Господ". Небесните
ангелски војски запеале: "Слава на Бога во висините, а на земјата мир и
меѓу луѓето добра волја". Пастирите ги нашле Марија, Јосифа и
Младенецот кој лежи во јасли и му се поклониле како на "Месија и
Спасител". Трите мудреци од Исток (од трите големи човечки раси),
водени од Витлеемската ѕвезда која запрела над местото каде што се
родил Младенецот, го познале Бог и пред мајка му Марија, му се
поклониле како на "Цар над царевите". Од своите ковчежиња му принеле
дарови: злато, ливан и смирна.




Makedonski pravoslaven Bozik - KOLEDE t.e. BADNIK Index.2


Makedonski pravoslaven Bozik - KOLEDE t.e. BADNIK Index.3

Makedonski pravoslaven Bozik - KOLEDE t.e. BADNIK Index.4


HRISTOS SE RODI !!!
Вратете се на почетокот Go down
https://maff-mk.macedonianforum.net
MAFF
Administrator
Administrator
MAFF


Број на мислења : 131
Registration date : 2008-05-03

Makedonski pravoslaven Bozik - KOLEDE t.e. BADNIK Empty
ПишувањеПредмет: Re: Makedonski pravoslaven Bozik - KOLEDE t.e. BADNIK   Makedonski pravoslaven Bozik - KOLEDE t.e. BADNIK Icon_minitime7th Мај 2008, 20:36

Makedonski pravoslaven Bozik - KOLEDE t.e. BADNIK Badnik10

Like a Star @ heaven Kolede lede padnalo grede ,
utepalo dede , dede se maci ,
baba go kvaci ,
so cetiri jajca
tkr tkr Koledeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeee
Вратете се на почетокот Go down
https://maff-mk.macedonianforum.net
Sponsored content





Makedonski pravoslaven Bozik - KOLEDE t.e. BADNIK Empty
ПишувањеПредмет: Re: Makedonski pravoslaven Bozik - KOLEDE t.e. BADNIK   Makedonski pravoslaven Bozik - KOLEDE t.e. BADNIK Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Makedonski pravoslaven Bozik - KOLEDE t.e. BADNIK
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Aleksandar III Makedonski
» Prtviot zlaten Medal na Makedonski fotografi

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
MACEDONIA FORUM - MAFF :: Etnologija , Etimologija , Ekonomija-
Отиди до: