Во ова библиотека на Александрија бил собран сиот учен свет на антиката, нешто од повикот и поддршката на науката од самите македонски кралеви на Египет, нешто од што и самите доѓале да разменуваат сознанија, информации, познанства и водат расправи.
Тука работел филозофот Ератостен кој уште пред 2 000 години докажал дека земјата е со тркалезна форма, потоа Хипарх кој го картографирал ѕвезденото небо и ги подредил ѕвездите према сјајот, па Еуклид кој ја систематизирал геометријата и останa познат што при решавањето на геометриски проблем на својот крал му рекол “Нема кралски пат до геометријата”.
Но тука бил и Диониз Тракијецот кој ги дефинирал деловите од говорот и извршил систематизацијат на јазикот, Херофил физиолг кој неприкосновено востановил дека мозокот а не срцето е средината на умот,па Херон од Александрија пронаоѓач на запчаниот преносник и автор на делото “Автомати”, прво дело воопшто за вакви работи.
Тука бил и Аполониј од Пергам – математичар кој ги одредил елипсата, параболата и хиперболата, криви по кои денес знаеме дека се движат планетите, кометите и ѕвездите, па Архимед – најголемиот математички гениј но и Птоломеј астроном и географ кој го создал најголемиот дел од она што денес го знаеме како астрологија.Но тука е и Хипатија последната и маченички загината учена за науката на античкиот свет, загинувајќи како последна по што е запалена библиотеката.