Лек
Лек претставува производ за кој по научен пат и постапка е утврдено дека се аплицира на луѓе или животни во одредена количина и на пропишан начин, може да се употребува заради откривање, лечење на болести или за други медицински цели.
Помеѓу лекот и отровот не постои јасна ограниченост, бидејќи секоја супстанција во помала доза може да претставува лек, а во поголема доза отров. Кај многу супстанци малите дози можат да бидат поволни при лечењето на болеста, додека големи количини се токсични за организмот, а во зависност од големината на дозата може да дојде до труење и смрт. Спротивно на ова дури и јаките отрови може да бидат корисни како лекови доколку се применат во одредена доза и низ соодветни мерки на претпазливост. Затоа секој лек може да биде отров, но секој отров не мора да биде и лек.