Или Kynane, ќерката на Филип II мажена за Amynta (IV) во 332 год. п.н.е
за да ја мажи ќерка си за Филип III со војска се судира со Антипатер
кај реката Strymon, а потоа војува и со Пердика во Мала Азија каде е
убиена (Arrian, Diad.,23).
Нејзината ќерка пак Adaia-Eureidike со војска во Десаретија кај градот
Euia (Diodor,XIX,11) ги пречекува Полиперхонт и Олимпијада која се бори
да го зачува престолот за својот внук, при што ќе има поддршка од
македонската војска, ќе издава наредби во име на Филип III и Александар
IV(Plutarh, Eum.,12; Nepos, Eum.,6)
Од противниците (Касандар) пропагандно е прикажана негативно а по
нејзиниот неуспех во таа борба (загинува и е закопана на пл. Пидна –
Diodor, XIX, 52; C.F.Edson, The Tomb of Olympias, Hesperia 18, 1949,
p84)
Деметриј I Полиоркет |
Фила-жената на Деметриј Полиоркет во 305/4 год. п.н.е, од Килкија му
праќа помош (писма, облеки и ќебиња) за опсадата на Рододос а во 229
год. п.н.е оди во дипломатска мисија кај брата си Касандар во
Македонија во врска со Килкија (Plutarh, Demet. 22 (Родос), 32
(Килкија).
На кралиците му се укажувале почести слични на кралските (подигани
статуи како на Еуридика-жената на Аминта III, најдена во Ајга, градови
со нивно име, свадбени и погребни почести и др.). Македонските кралици
имале и свои дворјани, свои гарди, послуги и сл.
Свадбените церемонии се состоеле од свечени поворки, натпреварувачи,
гозби и сл. Филип II за свадбата на ќерка си Клеопатра приредил
дводневни натпревари, а пак Деметриј Полиоркет кога се женел за Ланаса
напишана е посебна песна специјално за оваа прилика. (Ap.Athen.,VI,
253; поетот Арат од Soloi по повод свадбата на Антигон Гоната и Фила
напишал химна на Пан [Souda,s.v Aratos].
Сето ова го укажува високото место кое го уживала македонската жена – кралица во македонскиот општествено-историски живот.